Дома Трансфер зона Кавани пред потпис: Новиот клуб ќе изненади многумина

Кавани пред потпис: Новиот клуб ќе изненади многумина

Едисон Кавани ќе го напушти ПСЖ како слободен агент, а медиумите откриваат дека е познат неговиот следен клуб.

Имено, Уругваецот после седум години поминати во Париз ќе се пресели во Лисабон и ќе го облече дресот на Бенфика.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Менаџерите на Кавани веќе неколку денови се во Лисабон на завршни преговори и во наредните денови се чека официјализација.

Уругваецот ќе стави потпис на тригодишен договор според кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Интерес за Кавани покажуваа уште Атлетико Мадрид, Интер и Лидс, но Бенфика ја испрати најдобрата понуда за напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…