Дома Фудбал Останато Кавани повторно се огласи за медиумите и стави КРАЈ на сите шпекулации во врска со Нејмар

Кавани повторно се огласи за медиумите и стави КРАЈ на сите шпекулации во врска со Нејмар

Уругвајскиот напаѓач, Едисон Кавани уште еднаш изјави за француските медиуми дека не е во лоши односи со Нејмар.

Напаѓачот на ПСЖ се судри со Нејмар на почетокот на сезоната за тоа кој ќе го шутира пеналот, но успеаа многу бро да ги изедначат односите. Меѓутоа, медиумите во Франција пренесуваат дека ситуацијата помеѓу Кавани и Нејмар не е идеална и дека нешто тука вешто се крие.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа повторно се огласи уругвајскиот напаѓач кој призна дека имал некои несогласувања со Нејмар, но нивниот однос сега е многу добар.

„Имаме одличен однос. Двајцата сме професионалци и нашата цел е што подобар успех на клубот. Сите бевме среќни кога Нејмар пристигна, бидејќи знаевме дека е одличен фудбалер. Неговото доаѓање е голема работа за ПСЖ. Проблемот е во тоа што луѓето секогаш пренесуваат погрешни информации и се обидуваат да внесат немир. Се е супер што се однесува за нас двајца“, изјави Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…