
Како што дознаваат француските медиуми, Ургваецот од редовите на Пари Сен Жермен одлучил да го напушти Париз.
За пет поминати години во Париз Кавани го запиша своето име во историјата на овој клуб како најдобар стрелец, но очигледно е засистен и сака нови предизивци.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Кавани наводно ја избрал Англија, Премиер лигата, од каде што има две понуди. Според информациите станува збор за Манчестер Јунајтед и Челзи. Секако, ништо не е потврдено, но се најавува дека на крајот од сезоната Кавани ќе избере еден од овие два англиски гиганти.
ПСЖ од неговата продажба би инкасирал околу 60 милиони евра.
Уруваецот оваа сезона постигна 33 погодоци на 38 натпревари, вкупно во ПСЖ дојде до бројката од 163 погодоци.