Дома Останати Кошарка Итудис останува верен на ЦСКА, потпишува нов договор!

Итудис останува верен на ЦСКА, потпишува нов договор!

Раководството на ЦСКА Москва и тренерот Димитрис Итудис се договорија за продолжување на соработката и наскоро официјално ќе стават потпис на нов договор.

Итудис оваа сезона ја предводеше ЦСКА до титулата Европски шампион и веднаш потоа изјави дека е спремен да остане во Москва и да потпише нов договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Раководството на кошаркарскиот гигант од Москва е задоволно од неговата работа и му понуди договор ќе биде на две плус една година.

„Димитрис навистина има интерес од клубовите на НБА. Но, тој самиот сака да продолжи да работи во ЦСКА. Навистина ја сака Русија и клубот и е подготвен да продолжи да работи на неговиот развој“, изјави агентот на Итудис, Никос Спанос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Проклетството од кое се плаши целата Евролига – никој не сака да биде прв!

Во модерната Евролига постои мит дека првопласираниот на крајот на редовниот дел нема да б…