Очекувањата дека Лаутаро Мартинез ќе биде клучна фигура во Интер оваа сезона не се остваруваат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Газета дело Спорт“ во денешното издание обрна посебно внимание за Аргентинецот и заклучи дека „не го положил испитот“.
Овој викенд „нероаѕурите“ беа без Ромалу Лукаку на мечот против Парма и нападот го предводеше токму Лаутаро, но тој покажа дека во овој момент не може да биде лидер на тимот.
Лаутаро нема постигнато гол од 4 октомври, што е 418 минути без гол или повеќе од четири натпревари.
„После паузата поради Ковид во пролетта Лаутаро не е повеќе истиот играч“, заклучи весникот.
Минатото лето Лаутаро беше поврзуван со трансфер во Барселона, а Интер бараше да биде платена неговата откупна клаузула од 111 милиони евра.