Дома Фудбал Италија Италијанските медиуми тврдат: Се подготвува кам бек на Ковачиќ во Интер (Фото + Видео)

Италијанските медиуми тврдат: Се подготвува кам бек на Ковачиќ во Интер (Фото + Видео)

Според последните информации со кои располагаат италијанските медиуми, Интер има намера да го донесе во своите редови Матео Ковачиќ ако бидат прекинати преговорите со Рамирес.

Раководството на Интер го означи како примарна желба Рамирес, но Сунинг не сака да се прости од некогашниот играч за врска на Бенфика и Челзи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што јавуваат Тутоспорт и Медиасет Премиум, емисарите на Интер во ист момент преговараат и со оперативците на Реал во врска со шестмесечната позајмица на Матео Ковачиќ. Преговорите започнаа пред шест недели. Преговарачката операција ја кројат директорот на Интер, Пиеро Аусилио и Марио Мамиќ, застапникот на Матео Ковачиќ.

Реал Мадрид пак, е расположен да го испрати на позајмица, се со цел да се доближи до доведувањето на Мауро Икарди, напаѓачот на Интер кој веќе неколку месеци наназад се врзува со шпанскиот клуб.

Матео Ковачиќ во досегашниот дел од сезоната за Реал настапи на 14 службени натпревари. Со оглед на незадоволството поради минутажата, играчот за врска искрено верува дека ќе се врати во редовите на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Килијан Мбапе откри кој отсекогаш бил неговиот идол

Во интервју за шпанската телевизија Movistar, Мбапе зборуваше со голема почит за Кристијан…