Со ваквиот трансфер Марио Балотели би предизвикал бура во Франција…
По се изгледа дека Балотели нема да се врати во Италија. Го сакаа Рома и Наполи, се шпекулираше и за враќање во Интер, но фудбалерот со последната изјава изгледа дека потврди дека шансите за трансфер во Серија А се мали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Раиола бара многу пари за мене“ се пошегува повратникот во репрезентацијата.
Балотели сака да биде стартер, а во Наполи би можел да биде само алтернатива за Милик, во Рома за Џеко, а останатите опции не беа премногу реални.
Подоцна се поврзуваше и со Борусија Дортмунд каде што веќе пристигна неговиот тренер од Ница, Лусијан Фавр, но место тоа Балотели на крајот би можел да заврши во Марсеј.
Во тој клуб би добил најмногу пари, па спремен е да се приклучи на клубот кој е најголем ривал на Ница во навивачка смисла.
Иако Балотели беше миленик на навивачи, доколку трансферот навистина се реализира на гостувањата во „Алијанц Ривера“ во Ница би имал сигурно пеколен пречек.