Дома Фудбал Англија Италија го чека Анчелоти, а тој ги чека премиерлигашите

Италија го чека Анчелоти, а тој ги чека премиерлигашите

Карло Анчелоти е еден од главните кандидати за клупата на италијанската репрезентација, но тој моментално „игра на две карти“, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, Анчелоти во моментов преговара со Италијанската федерација и не ја одбива нивната понуда, но негова желба е сепак да води клуб од Премиер лигата.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Анчелоти чека предлози од страна на Челзи и Арсенал, каде Антонио Конте и Арсен Венгер изгледаат сигурни патници по крајот на сезоната.

Италијанецот очекува понуда од некој клуб од Премиер лигата и доколку пристигне до 20-ти мај, тогаш ќе се пресели на Островот. Во спротивно ќе седне на кормилото на италијанската репрезентација, која е во сериозна криза по изгубениот бараж за место на Мундијалот 2018.

58-годишниот Италијанец моментално е без работа, откако беше отпуштен од Баерн Минхен на почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tрамп се појави на Светското клупско првенство, па доби идеја за голема промена во САД!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го сврте вниманието на јавноста со својата из…