Дома Фудбал Останато Интересна клаузула во договорот на Нејмар, Бразилецот добива плус пари за добро однесување

Интересна клаузула во договорот на Нејмар, Бразилецот добива плус пари за добро однесување

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ откри интересни детали од договорот на бразилската ѕвезда Нејмар со Пари Сент Жермен.

Весникот открива дека во договорот на Нејмар има клаузула која му дава можност за дополнителна заработка од 541.680 евра неделно или 6,5 милиони евра (бруто) при одредени услови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во клаузулата има неколку услови меѓу кои Немар да се однесува пријателски со фановите. Освен тоа од Бразилецот се бара да се однесува добро надвор од теренот, да не се меша во инциденти, бидејќи тој се смета за лицето на клубот.

Друг услов кој Нејмар треба да го исполни е да биде одговорен и да не доцни на тренинзи, собори со тимот и натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…