Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е сериозно заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.
Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот.
Меѓутоа, неговиот агент потврди дека Холанѓанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а Интер сака да ја искористи таквата ситуација.
„Нероаѕурите“ имаат одлични односи со Манчестер Јунајтед и ќе се обидат да го донесат на 18-месечна позајмица со право на откуп.