Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Парма, Дејан Кулушевски со своите добри игри го привлекол вниманието на најголемите италијански и европски клубови.
Дејан Кулушевски има македонско потекло, но се реши да игра за шведската репрезентација. Оваа сезона игра фантастично во дресот на Парма и во јануари ќе се води „битка“ за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за Македонецот покажува тренерот на Интер, кој сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе играчот во јануари.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Интер спремил понуда од 25 милиони евра, но прашање е дали таа сума ќе биде доволна за реализација на трансферот.
Кулушевски има 19 години, на почетокот на сезоната од Аталанта пристигна во Парма како позајмен играч, а клубот од Бергамо за неговиот потпис бара 40 милиони евра.