Интер не успеа да го доведе Лука Модриќ, Хрватот сакаше да ја промени средината, но Реал му стави „катанец“ и тоа не можеше да има поинаков исход.
Мадриѓаните дури и им се закануваа на Италијанците со тужба, меѓутоа кога го постигнаа она што го посакуваа се откажаа од таа идеја. Сепак, „Нероазурите“ не се откажуваат од Хрватот, пишува „Corriere dello Spоrt“.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Интер ќе се обиде да ги врати добрите односи со Реал, но за секој случај подготви алтернативи. Првата е Леонардо Паредес, поранешниот фудбалер на Рома, сега член на Зенит кој сепак нема да се откаже. Отежнувачка околност е тоа што Аргентинецот го завзеде местото на играч надвор од Европската унија.
Се споменуваат и играчот на Лион, Лукас Тусар, Денис Прает од Сампдорија и дури Цеск Фабрегас, кој исто така е мета на Милан. Договорот со Челзи му истекува следното лето, Италијанците не се наивни…