Дома Топ вести Интер и Јувентус сакаат да го „украдат“ Кеси

Интер и Јувентус сакаат да го „украдат“ Кеси

Италијанските гиганти Интер и Јувентус сакаат да ја „украдат“ ѕвездата на Милан, Франк Кеси, пренесува „Газета дело Спорт“.

Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој, па најверојатно ќе замине на лето како слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Големите ривали сакаат да ја искористат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Кеси одби понуда од 7 милиони евра од Милан и бара 9 милиони евра по сезона, па прашање е дали друг клуб во Италија може да му ја понуди таа сума.

Интерес за Кеси покажуваат уште Барселона, Ливерпул и ПСЖ, па во следните месеци следува голема битка за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…