Дома Фудбал Интер губеше со 3:0 на полувремето и се врати на 3:3. Погледнете ги головите

Интер губеше со 3:0 на полувремето и се врати на 3:3. Погледнете ги головите

Во групата Д, уште пред претпоследното коло, беше јасно дека во следната фаза ќе одат Интер и Реал Сосиедад, а во петтото коло, Интер гостуваше на стадионот Луж во Лисабон.

Последнопласираната Бенфика водеше со 3:0 на полувремето, но натпреварот заврши без победник 3:3.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Бенфика во првото полувреме постигна три гола, а сите три ги постигна Жоао Марио, поранешен играч на Интер, кој немилосрдно ја погоди мрежата во 5., 13. и 34. минута.

Но, во продолжението Интер возврати со иста мерка. Стрелци беа Арнаутовиќ во 51. минута, Фратеси во 58. минута и Санчез од пенал во 72. минута за конечни 3:3.

Головите на натпреварот погледнете ги ТУКА

Во последното коло ќе се решава и победникот од оваа група бидејќи Интер и Реал Сосиедад имаат ист број бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …