Интер покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Де Врај, а неизвесна е иднината и на Скриниар, па сака да доведе најмалку еден дефанзивец.
Аке има сериозна конкуренција во Сити и не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.
Холанѓанецот ова лето беше блиску до трансфер во Челзи, но сепак остана во Сити, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.
„Нероаѕурите“ сакаат да го донесат на позајмица со право на откуп за 30 милиони евра.