Дома Трансфер зона Интер го носи дефанзивецот кој беше на чекор од Милан

Интер го носи дефанзивецот кој беше на чекор од Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер се вклучи во трката за дефанзивецот на Тотенхем, Јафет Танганга.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот дефанзивец сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Интер сака да ја искористи таквата ситуација.

Интерес за Танганга покажуваше и Милан, но „росонерите“ се насочија кон други дефанзивци.

Сега Интер започна преговори со Тотенхем и сака да го донесе дефанзивецот на позајмица со право на откуп.

„Нероаѕурите“ се во потрага по дефанзивец кој ќе го замени Ранокија, кој после неколку години го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…