Дома Трансфер зона Интер бара наследник на Хандановиќ – ова се имињата!

Интер бара наследник на Хандановиќ – ова се имињата!

Самир Хандановиќ цели шест години е прв избор меѓу стативите на Интер, но миланскиот гигант веќе почна да бара замена за Словенецот.

34-годишниот голман има договор со Интер до 2021 година, а минимални се шансите дека може да го продолжи договорот. Поради тоа „нероаѕурите“ веќе почна да бараат негова замена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми открија три имиња кои се на радарот на миланскиот гигант, станува збор за Алесио Крањо, Албан Лафонт и Силесен.

Крањо има 24 години и во моментов ги брани боите на Каљаери, па веќе го докажа својот потенцијал. Од друга страна Лафонт има само 19 години, ова лето пристигна во Фиорентина и важи за еден од најталентираните голмани во Европа.

Силесен пак е втор голман во Барселона и не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината, а Интер би бил идеална опција за него.

https://youtu.be/f5MmrFIyim4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…