Челзи и Барселона одиграа реми 1:1 во вчерашниот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
„Сините“ стигнаа до предност со голот на Вилијан во 62 минута, а до крајот на средбата погодок за изедначување постигна Лионел Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Каталонија сигурно ќе бидат задоволни, а после скромниот натпревар свој коментар имаше и фудбалерот од средниот ред Андрес Иниеста кој беше асистент при изедначувачкиот погодок на Меси.
„Челзи е еден од најдобрите тимови во Европа. Генерално игравме добро, но сигурно дека нас не чека тежок натпревар во реваншот“, изјави Иниеста.
Реваншот се игра на „Ноу Камп“ на 14 март.