Интер синоќа избегна пораз на гостувањето кај Јувентус со голот на Ромелу Лукаку во 95. минута од средбата (1-1).
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги кажа дека судијата го оштетил тимот кога го исклучил Ромелу Лукаку во финишот од пресметката со Јувентус.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Тоа што се случи со Лукаку и неговата прослава беше недоразбирање. Тој секогаш така ги прославува головите. За жал, тоа предизвика грди сцени на теренот. Штета е тоа што ќе бидеме без Лукаку и Хандановиќ во реваншот“; вели Инѕаги.
Лукаку им порача на навивачите на Јувентус да замолчат, откако претходно имаше расистички навреди кон него.