Дома Фудбал Има 250 милиони евра, играше за Барса, а сега никој не знае каде избега

Има 250 милиони евра, играше за Барса, а сега никој не знае каде избега

Данецот Мартин Брејтвејт (32) повеќе не сака да игра за Еспањол, со кој оваа пролет испадна од Примера.

Вчера данскиот напаѓач си ги собрал работите и доброволно го напуштил кампот во Марбела.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од тој момент му се губи трагата и челниците на шпанскиот клуб не можат да дојдат до него.

Данецот се обидува да изнуди раскин на договорот кој е до летото 2025 година, а шпанските медиуми тврдат дека можна опција е и паузата во кариерата.

Брејтвејт пристигна во Еспањол од Барселона, за која настапуваше од февруари 2020 до септември 2022 година.

Во својата кариера играше и за Есбјерг, Тулуз, Бордо, Мидлсброу и Леганес и е еден од најбогатите фудбалери во светот.

Според Форбс, вредноста на неговата компанија се проценува на над 250 милиони евра.

Основал компанија со еден член на семејството, а се занимаваат со недвижен имот во САД, но и во остатокот од светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шеф на Лион за Ендрик: Колку повеќе игра, толку помалку плаќаме на Реал Мадрид

Техничкиот директор на Лион Матијо Лиу-Жан се пофали со поволната структура на заемот, со …