Дома Трансфер зона Иконата на Јувентус му се враќа на фудбалот и ќе игра заедно со својот син!

Иконата на Јувентус му се враќа на фудбалот и ќе игра заедно со својот син!

Легендарниот чешки фудбалер, Павел Недвед (45) се враќа на фудбалските терени, тој потпиша договор со чешкиот аматерски клуб Скална каде и што ја започна кариерата.

Недвед играчката кариера ја заврши во 2009 година, а сега тој се одлучи повторно да се активира за да му помогоне на својот тим од младоста во кој ќе настапува заедно со неговиот син, 18 годишниот Павел Јуниор. Според, најавите Недвед ќе одигра само еден натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Конечно успеавме, После напорни преговори со Јувентус. Недвед стана наш играч“, порачаа од клубот.

Сеуште не е познато кога Недвед ќе го одигра натпреварот за Скална поради обврските кои ги има во Јувентус. Чешкиот мајстор во последните седум години е еден од директорите во клубот во редовите на „старата дама“.

Недвед во текот на кариерата настапуваше за клубовите од Прага, Дукла и Спрата и за италијанските гиганти Лацио и Јувентус. Освои вкупно 16 клупски трофеи, а во 2003 година беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.

Со репрезентацијата на Чешка најголемиот успех го постигна во 1996 година кога го освои второто место на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…