Шпанецот и дефинитивно го напушта Порто, а понудата која пристигна последна е навистина интересна.
Икер Касиљас во јануари би можел да се пресели во Премиер лигата бидејќи е сосема јасно дека ќе го напушти Порто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот голман на Реал Мадрид повеќе не е прв голман на Порто, а тоа сака да го искористи Рафаел Бенитез кој има проблем со голманската позиција.
Елиот беше прв голман на стартот од сезоната се до минатата недела, кога го замени Дарло, но ниту тој не ги оправда очекувањата на натпреварите против ВБА и Челзи.
Мадридски „Ас“ тврди дека Бенитез му пондул „win-win“ предлог да се пресели во Њукасл да му помогне во борбата за опстанок, а истовремено и да се врати помеѓу стативите и тоа во една најсилните лиги во светот.
Њукасл во овој момент се наоѓа на 15 позиција и прими 22 погодоци и во тој сегмент е седма најлоша екипа во Премиер лигата, па искуството на Икер Касиљас сигурно би им било од голема корист.