Дома Трансфер зона Икарди донел одлука каде сака да ја продолжи кариерата?

Икарди донел одлука каде сака да ја продолжи кариерата?

Maуро Икарди сезонава ја минува на позајмица во ПСЖ од редовите на Интер.

ПСЖ има право да го откупи неговиот договор, но неодамна се појавија најави дека клубот од Париз нема да ја искористи таа можност. Икарди го селат во бројни клубови, но негова желба изгледа е Јувентус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што тврди „Спорт Медијасет“ аргентинскиот напаѓач сака само во Торино. Според информациите тој нема да прифати никаква друга опција освен Јувентус.

Ќе видиме што ќе се случи на крајот, но нема дилеми дека Икарди би бил големо засилување за нападот на „старата дама“. Меѓутоа треба да се спомене дека Интер сигурно ќе вложи максимални напори за Икарди да не го продаде на најголемиот ривал.

Во дресот на ПСЖ пред прекинот на сезоната Икарди настапи на 31 натпревар, постигна 20 голови и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…