Дома Трансфер зона Изненадување за навивачите на Ливерпул: И Хендерсон кај Велковски!?

Изненадување за навивачите на Ливерпул: И Хендерсон кај Велковски!?

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон би можел да го напушти Ливерпул во овој преоден рок.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако досега немаше такви најави, Ливерпул би можел да остане без својот капитен за наредната сезона. Според информациите на францускиот „Л’Eкип“ клубот на Дарко Велковски, Ал Итифак е заинтересиран да го доведе.

Оваа информација доаѓа откако пред неколку дена Стивен Џерард седна на клупата на овој клуб. Но, прашање е колку Клоп ќе има желба да се раздели со Хендерсон кој е важен дел од екипата. Посебно, по заминувањето на Џeјмс Милнер.

Но, од друга страна во средниот ред кај Ливерпул пристигнаа Мекалистер и Собослаи, а исто така во средниот ред помага и Трент Александер-Арнолд. Хендерсон низ годините беше важен играч во системот на Клоп и со овој клуб ги освои сите можни трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…