Дома Фудбал Англија Иднината на Солскјер е во рацете на Мурињо: Ќе добијам отказ ако загубиме од Тотенхем

Иднината на Солскјер е во рацете на Мурињо: Ќе добијам отказ ако загубиме од Тотенхем

По нерешените исходи на последните две средби со Шефилд Јунајтед и со Астон Вила, Манчестер Јунајтед ќе го пречека Тотенхем предводен од Жозе Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат пред императив победа, а Солскјер е свесен дека со пораз на овој меч може да добие отказ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


После овој меч Јунајтед му гостува на Манчестер Сити, па Норвежанецот им ја предочил сериозноста на моментот на своите играчи во соблекувалната.

„Оле беше малку емоционален и им кажа на фудбалерите доколку не извадат резултати од наредните два меча би можел да добие отказ. Ова е најлошо време за да играте со Тотенхем кој ја врати формата со Мурињо“, открива извор од Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на деветтата позиција со 18 освоени бодови и со четири победи во досегашниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не запира да тресе мрежи: Го постигна и 953. гол во кариерата! (Видео)

Фудбалерите на Ал-Наср славеа на гостувањето кај Неом со резултат 3:1 во рамките на 8-то к…