Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос не ја крие радоста од заминувањето на Зинедин Зидан од кормилото на „кралскиот“ клуб.
Себаљос го нападна францускиот стратег и призна дека ова лето ќе заминел од Реал Мадрид, ако Зидан останеше на кормилото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зидан не ми даваше шанса да се докажам. Напорно работев, се обидував да ме забележи, но во еден момент сватив дека тоа е невозможно. Постигнав два гола, а потоа следниот меч играв само една минута. Имаше моменти кога се чувствував изгубено. Заостанувавме 15 бода во Примера и јас воопшто не добивав шанса“, изјави Себаљос.
„Во еден момент го прашав Зидан зошто не играм, а тој ми кажа дека ги оценува фудбалерите кои ги има на располагање. Во еден момент Модриќ и Крос беа повредени, а тој ја смени формацијата и повторно не ми даде шанса. Не знаев дека палнира да замине, но доколку останеше јас сигурно ќе ја променев средината“, додаде шпанскиот фудбалер.