Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ибрахимовиќ се пофали себеси и најави сензација: Јас го освоив светот, сега на ред е Шведска

Ибрахимовиќ се пофали себеси и најави сензација: Јас го освоив светот, сега на ред е Шведска

Пред почетокот на Светското првенство, репрезентацијата на Шведска на спортските насловни страни се појавуваше само кога се зборуваше за Златан Ибрахимовиќ, кој од поодамна се одлучи да замине во репрезентативна пензија.

Шведската икона долго време кокетираше со враќањето во репрезентацијата поради Светското првенство, откако оваа селекција ја елиминираше Италија во баражот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Селекцијата на Шведска во квалификациите за Мундијалот изненадувачки зад себе ја остави Холандија, а во квалификациите приреди сензација елиминирајќи ја Италија.

Во групите на Мундијалот следуваше уште една сензација. Зад себе го оставија светскиот шампион, Германија и со победите против Јужна Кореја и Мексико, обезбедија место во осминафиналето каде што сега ги чека Швајцарија.

Сега за можностите на Швеѓаните зборуваше Ибрахимовиќ.

„Кажав и пред почетокот на Светското првенство, ќе стигнат далеку, можеби и ќе го освојат. Јас сум среќен и горд. Се возам со шведско знаме. Со нив сум! Јас го освоив светот, а сега тоа ќе го направи и Шведска“, поентираше Ибра.

Шведска во осминафиналето на 3 јули ќе игра против Швајцарија, а победникот од овој натпревар оди на подобриот од Англија и Колумбија.

„Кој и да игра против Шведска го чека тешка задача, мислам дека тоа сите го знаат“, заклучи Златан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…