Дома Фудбал Репрезентации Ибрахимовиќ: Ретко кој го може тоа што го правам јас

Ибрахимовиќ: Ретко кој го може тоа што го правам јас

Златан Ибрахимовиќ неодамна после долга пауза се врати во репрезентацијата на Шведска и во два натпревари запиша две асистенции.

Шведска вчера го победи Косово со 3:0 и со шест бодови на најдобар начин ги отвори квалификациите за Светското првенство во Катар. Во првото коло славеа против Грузија со 1:0.

„Немам намера што повеќе да се докажувам. мене не ми преостанува ништо друго освен да се забавувам. Ретко кој го може тоа што го правам јас на 39 години. Уживам играјќи за Милан и Шведска. Спремен сум и можам да играм на високо ниво“, порача Ибра.

Оваа сезона Ибрахимовиќ одигра 23 натпревари за Милан и постигна 17 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…