Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ и втора година во низа не е фудбалер на годината во Шведска

Ибрахимовиќ и втора година во низа не е фудбалер на годината во Шведска

Во период од 2007 до 2016 година, Златан Ибрахимовиќ освои десет награди за шведски фудбалер на годината.

Меѓутоа ова е втора година во која Ибрахимовиќ не го добива ова признание. Минатата година добитник беше Андреас Гранквист, а оваа таа заврши во рацете на Виктор Линделоф.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Стоперот на Манчестер Јунајтед зад себе има сосема солидна сезона која сигурно најмногу ќе ја памети по одличното Светско првенство со репрезентацијата на Шведска во Русија каде што стигнаа до четвртфиналето.

„Ова е голем ден за мене, пред се сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа. Многу ми значи што сум тука и што за прв пат во животот ја освоив оваа награда“, изјави Линделоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал во Лига Европа: Настапил фудбалер кој немал право, беше и еден од најважните во тимот – голем пропуст на УЕФА!

На натпреварот меѓу Лион и Утрехт на теренот играше фудбалер кој немаше дозвола и асистира…