Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, повтори дека Светското првенство во Русија не е она вистинското.
Ибрахимовиќ ги повтори зборовите од пред неколку години и додаде дека целосно сериозен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веднаш ставив до знаење дека не одам да играм со националниот тим, но како што кажав пред четири години, ќе повторам и денес – Светското првенство без мене не вреди да се гледа“.
„Тоа навистина го мислам“, потенцираше Ибра.
Сепак, Швеѓанецот истакне дека постои голема можност да оди во Русија.
„Можеби ќе бидам приустен и ќе уживам во Мундијалот“.
Потоа тој си избра и неколку фаворити.
„Мислам дека фаворити се Бразил, Шпанија, Германија и очигледно Шведска. Аргентина исто така, иако не сакаат да зборуваат за себе дека се фаворити, но тие тоа се.
Жал ми е што САД не успеа да се квалификува бидејќи тоа е земја во која во овој момент престојувам и би навивал за нив“.
Ибра на крајот беше запрашан кој играч би можел да го обележи овој Мундијал.
„Запаметете, ова не е индивидуален спорт, туку тимски. Мислам дека Нејмар после долга пауза и враќањето ќе биде гладен за игра, да биде лидер на својот тим. Со Меси сликата е нормална – најдобар е и тимот ќе го следи! Со Роналдо исто така“, изјави Ибра.