Жозе Мурињо уште во јануарскиот преоден рок ќе сака да ја засили дефанзивната линија, а една од најголемите желби е Виктор Линделоф.
Дефанзивецот на Бенфика и шведски репрезентативец со своите добри партии го привлече вниманието на многу европски гиганти,а Ибра го советува Мурињо да го донесе на „Олд Трафорд“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Мислам дека Виктор уште сега прави големи нешта на теренот, игра одлично за Бенфика, важен е за шведската репрезентација, и сигурно прераснува во голем фудбалер“, истакна Ибра.
„Мислам дека е спремен за голем чекор во кариерата, но на него останува да одлучи да ја избере најдобрата опција. Сигурно би бил големо засилување за Манчестер Јунајтед“, додаде напаѓачот.
Линделоф има откупна клаузула од 30 милиони евра во договорот со Бенфика, па неколку клубови се спремни да ја платат таа сума.