Голем број НБА играчи наводно се одлучиле да ги променат броевите на дресот во чест на Коби Брајант.
Добар дел од оние кои ги носат бројките 8 и 24 одлучиле да ги променат во чест на трагично загинатата легенда, а прв кој направи таков потег е кошаркарот на Бруклин, Спенсер Динвиди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој играше со дресот со број 8. Истиот број половина од кариерата го носеше Брајант. Во негова чест Динвиди се откажа осмицата и сега носи 26.
Бројот 26 го избра од едноставна причина. Тој го зема збирот на броевите 2 и 4 (24) и бројот 2 кој го носеше ќерката на Коби, Џана која исто така загина во хеликоптерската несреќа.
Покрај кошаркарот на Нетси бројот го промени и Теренс Рос од Орландо. Тој во продолжение од сезоната ќе игра со бројот 31.
Се очекува во наредните денови добар дел од играчите да го направат истото. Ќе потсетиме претходно на социјалните мрежи се започна иницијатива НБА да ги повлече овие два броја.