Oстана да се убеди уште Јирген Клоп, Германецот е последната препрека за трансфер на Бразилецот на „Ноу Камп“.
Сега во целата ситуација одлучи да се вмеша и Леброн Џејмс познато е дека тој е еден од акционерите во Ливерпул, поточно во „Фенвеј Спортс“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишуваат каталонските медиуми, тој убедил голем дел од акционерите да преговараат и смета дека понудата од 150 милиони евра е одлична и дека клубот би требало да ја прифати.
Сега, многумина веројатно ќе си кажат, што Леброн се разбира, но постојат информации дека НБА кошаркарот навистина го сака Ливерпул и дека е запознаен со сите случувања во таборот на „црвените“.
Многумина Леброн го споредуваат со Коби кој како што е познато е голем фан на италијанскиот гигант Милан и редовно ги следеше нивните натпревари, но тоа може да се објасни бидејќи Коби одреден период од детството помина во Италија каде што неговиот татко играше кошарка.