Оваа сезона во Серија А за прв пат беше воведена видеотехнологија (ВАР), но скептиците имаа право кога тврдеа дека тоа може да донесе додатна конфузија на фудбалските натпревари.
Сасуоло вчера и гостуваше на Сампдорија и победи во 90-та минута со голот на Матри. Гостите во 82-та минута промашија пенал, а токму во тие моменти се случи нешто што предизвика бројни полемики на Апенините.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, за ВАР да се искористи за време на натпреварот, судијата и неговите асистенти мораат да побараат прегледување на снимките ако приметат дека се случило нешто спорно.
Полсе промашениот пенал, топката остана во петерецот, а играчот на Самдорија Тореира со двете раце ја фати топката и ја запре акцијата. Иако сите на теренот го видоа тоа, судијата не само што не свирна ништо, туку и не побара прегледување на снимката.
Sampdoria-Sassuolo. Viviano para un penalti lanzado por Politano. En el rechace, el mediocampista Lucas Torreira lo para así con las manos. No se ha pitado un segundo penalti consecutivo. Y eso que hay VAR. Pazzesco #CalcioRandom pic.twitter.com/xxhxMrxoaU
— Enrique Julián Gómez (@EnriqueJulian23) December 17, 2017
Претходната недела нешто слично се случи на натпреварот Лацио – Торино, кога домаќинот беше оштетен затоа што судијата не побара прегледување на снимките во една ситуација, а побара во друга.
Поради тоа со право се поставува прашањето, дали ВАР помага или само ги зголемува полемиките на фудбалските терени.