Дома Топ вести Зошто пропаднал трансферот на Нејмар во Реал? – Причината БИЗАРНА!

Зошто пропаднал трансферот на Нејмар во Реал? – Причината БИЗАРНА!

Целата приказна можеше да има поинаков крај…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нејмар практично веќе бил фудбалер на Реал, поточно, „кралевите“ стигнале до финални преговори со Сантос во 2011 година. Бразилецот веќе бил подготвен да остане уште една сезона во Бразил, а потоа во декември да се пресели во Реал Мадрид.

Сантос и Реал имаа добри односи уште од купувањето на Робињо, но сепак преговорите пропаднаа, иако Нејмар бил „загреан“ за овој трансфер.

Главна улога во целата приказна одиграл Луис Алваро Рибеиро, човекот кој му го променил неговото мислење.

„Му кажав на Нејмар дека Мурињо веднаш ќе се наметне со својот војнички режим и дека прво ќе му каже дека мора да ја скрати косата. Тоа сметам дека беше клучно, тој сеуште беше дете, а јас му потврдив дека во Сантос може да изгледа како што сака“, се сеќава Рибеиро.

Да потсетиме, Барселона две години потоа уплати 40 милиони евра како гаранција дека ќе го купи Нејмар после Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…