Шпанскиот „Мундо Депортиво“ објави не многу позната информација поврзана со личните податоци на Ламин Јамал.
Крилниот напаѓач на Шпанија, иако утре ќе полни 17 години блескаше на Европското првенство и на таа возраст беше еден од најдобрите во шпанскиот состав.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, иако стана светски познат ретко кој знае дека Ламин Јамал е само неговото име – ниту Ламин, ниту Јамал не е негово презиме.
Таткото на фудбалерот е од Мароко, а неговата мајка од Екваторска Гвенија. Во знак на почит кон своето потекло тие знамиња ги носи на копачките. Јамал според законот во Шпанија има две презимиња, првото од неговиот татко (Насрауи) и второто од мајката (Ебана).
Фудбалерот сепак одлучил на дресот да стои само неговото име.