Дома Фудбал Лига на шампиони Зинедин Зидан прв пат во тренерската кариера е елиминиран во ЛШ

Зинедин Зидан прв пат во тренерската кариера е елиминиран во ЛШ

Реал Мадрид синоќа испадна од ЛШ.

Кралевите беа поразени од Манчестер Сити со 2:1 на Етихад и така со вкупни 4:2 испаднаа од најелитното европско клупско натпреварување.

Ова е прв пат Зидан во тренерската кариера да испадне од Лига на шампиони.

Да потсетиме, во претходните три обиди секогаш доаѓаше до самиот крај. Тоа беше во сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18. Минатата сезона кога Реал испадна од Ајакс тренер на екипата беше Солари.

И додека Зизу мора да ја почека следната сезона, тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола го однесе тимот во Лисабон на самата завршница каде ќе се обиде да се изедначи со Зидан по бројот на освоени европски титули. Французинот како тренер за сега има 3, а Гвардиола 2.

Граѓаните во четвртфиналето ќе играат против Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Атлетико Мадрид сакал да го доведе Тијани Рејндерс, но финансискиот аспект го спречил трансферот

Таткото на Тијани Рејндерс, Мартин Рејндерс, откри дека Атлетико Мадрид бил сериозно заинт…