Дома Актуелно Зидан: Ќе видиме утре дали ќе настапи Роналдо

Зидан: Ќе видиме утре дали ќе настапи Роналдо

Предводникот на кралскиот состав, Зинедин Зидан ги истакна своите очекувања пред утрешната средба против Манчестер Јунајтед во рамки на Суперкупот кој ќе се одигра во Скопје на „Филип Втори“.

„Работевме многу и со нетпрение го очекуваме мечот против Манчестер Јунајтед. Клучни моменти има многу, но ние се фокусираме на она што за нас е важно“, истакна Зидан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На новинарско прашање, дали утре ќе игра најголемата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, Зидан истакна:

„Тој е релаксиран и покрај тоа што за многу работи се крева врева. За мене е важно што тој се наоѓа во одлична форма. Тој дојде заедно со нас и е подготвен, а дали ќе игра утре, ќе видиме“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…