Дома Фудбал Зидан: Фудбалерите не се роботи, треба да им се даде повеќе одмор

Зидан: Фудбалерите не се роботи, треба да им се даде повеќе одмор

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има кадровски проблеми пред утрешниот меч со Виљареал.

Зидан се пожали на натрупаната програма и тоа што фудбалерите не добиваат одмор оваа сезона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Имаме повредени и играчи кои не се на располагање. Варан не е 100% спремен, но сака да игра и тоа е убаво. Рамос многу ќе ни недостасува, тој е капитен и лидер на тимот“, изјави Зидан.

„Фудбалерите воопшто не одмараат, календарот е многу тежок. Не зборувам само за моите, туку за сите играчи. Потребно е да им се даде повеќе одмор, не се роботи“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…