Дома Фудбал Зидан: Се надевам дека ова нема да биде последно Класико за Меси

Зидан: Се надевам дека ова нема да биде последно Класико за Меси

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес имаше пресконференција пред утрешното Ел Класико.

Ел Класико може директно да ја одлучи битката за титулата, а Зидан верува дека во моментов Атлетико е прв фаворит за титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Атлетико е фаворит за титулата, бидејќи има предност. Ние ќе се бориме до крај, тоа цело време го зборувам. Лигата е многу изедначена и се е можно. Ова е натпревар кој носи три бода и секој натпревар е важен, само ривалството е поголемо“, изјави Зидан.

Ова би можело да биде последно Ел Класико за Меси, а Зидан верува дека тоа нема да се случи.

„Се надевам дека нема да биде така. Меси е Барселона и верувам дека ќе остане. Тоа би било важно за целиот шпански фудбал“, истакна Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома сонува да го врати Салах

Рома планира да го искористи јануарскиот трансферен прозорец на начин кој ќе ги зголеми се…