Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Италијанецот Роберто Манчини на местото селектор на Саудиска Арабија, објавија денеска медиумите во Франција и Италија.
Неодамнешниот пораз на Саудиска Арабија од Јапонија (0:2), проследен со ремито против Бахреин (0:0) во квалификациите за Светското првенство 2026 година, заедно со дебаклот од Азискиот куп на почетокот на оваа година, влијаеше на одлуката на Манчини да биде пред отказ, а не се задоволни и навивачите кои му испратија свирежи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Зидан е без ангажман од 2021 година кога го напушти Реал Мадрид, со кој три пати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите, а сега саудијците ќе се обидат да го доведат.
Секако, главниот адут на Арапите ќе бидат парите, можеби ќе има понуда за поголема плата од онаа на Манчини, која е најголема во светот, а се споменува и дека би добил улога на главен амабасадор на земјата за Мундијалот во 2036 на кој Саудиска Арабија сака да биде домаќин.
Како замени за Манчини се споменуваат Аргентинецот Рамон Дијаз и Французинот Ерве Ренар, кои наводно веќе биле контактирани.