Дома Фудбал Останато Зидан на прашањето што се променило со Бејл и зошто останал даде краток одговор

Зидан на прашањето што се променило со Бејл и зошто останал даде краток одговор

Герет Бејл ова лето сите веќе го преселија од Реал Мадрид, но на крајот се случи голем пресврт и Велшанецот остана во клубот.

Зинедин Зидан изјави дека Велшанецот сака да остане во клубот и дека во Мадрид сметаат на него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бејл имаше лоша сезона зад себе и во текот на летото се поврзуваше со многу клубови, а беше и на чекор да се пресели во кинескиот Џиангсу Сунинг, но Реал во последен момент го стопираше неговиот трансфер иако Бејл веќе отпатува во Кина.

Сега во Реал му остануваат уште три години од договорот и работите се променети Зидан смета на него.

Новинарите го прашаа Зидан што се променило толку, а Французинот даде краток одговор.

„Она што се промени е желбата на играчот да остане, ништо повеќе. За нас најважно е еден играч да сака да остане. Сега е многу кажано за оваа ситуација, зборував и порано, сега ќе кажам само дека ние сметаме на него“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…