Зинедин Зидан наскоро би можел да ја напушти клупата на Реал Мадрид.
Медиумите во Шпанија се погласно зборуваат за таква опција, а навивачите се незадоволни. Зидан наводное лут што клубот не му ги исполнило желбите за доведување одредени играчи во претходниот преоден рок.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во некои медиуми може да се прочита и дека Зидан го известил првиот човек на клубот, Флорентино Перез дека ќе замине во јуни.
Според информациите Французинот сака да се сврти кон нови опции, поточно Јувентус и репрезентацијата на Франција.
Реал во првенството е на четвртата позиција со натпревар помалку и шест бодови заостанување зад Атлетико Мадрид.