Дома Трансфер зона Зидан дефинитивно „пречкрта“ уште една ѕвезда

Зидан дефинитивно „пречкрта“ уште една ѕвезда

Веќе неколку дека шпанските медиуми пренесуваат дека Герет Бејл е „пречкртан“ од страна на Зидан, а сега пристигнуваат нови информации од Шпанија.

Како што пишува „Марка“, францускиот стручњак јасно му порачал на Бејл дека не смета на неговите услуги, а „кралевите“ се спремни на радикален потег и Велшанецот да го пуштат од клубот без обештетување.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека истата „судбина“ го чека и Хамес Родригез кој минатото лето се врати во Мадрид, но не е во плановите на Зидан.

Проблем за „кралевите“ е што нема да можат да ја вратат вложената сума за Колумбиецот. За него интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, пред се Евертон, но се спремни максимум да понудат 40 милиони евра.

Реал е спремен да ја прифати таа сума само да се ослободи од Хамес и од неговата висока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…