Дома Останати Зверев му го сруши олимпискиот сон на Ѓоковиќ

Зверев му го сруши олимпискиот сон на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ остана без шанси да се бори за златото на Олимписките игри, откако во полуфиналето загуби од Александар Зверев (2:1).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ се обидуваше да постигне уникатен подвиг и да стане првиот тенисер во историјата кој истовремено ги држел сите четири гренд слем титули и олимпиското злато.

Меѓутоа, Зверев направи подвиг и успеа да го победи најдобриот тенисер во светот во полуфиналето.

Српскиот тенисер одлично го започна мечот, релативно лесно го освои првиот сет со 6:1, во вториот имаше брејк предност (3:2), но потоа Зверев заигра одлично и израмни на 1:1.

Во одлучуваќкиот сет Германецот поведе со 4:0 и лесно до крајот ја чуваше предноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа: Секогаш знаев и верував дека сум блиску, коцките треба да се склопат!

По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската …