Дома Фудбал Останато Зборовите на Бускетс доволно говорат за разочарувањето во Барселона

Зборовите на Бускетс доволно говорат за разочарувањето во Барселона

Фудбалскиот свет уште долго ќе зборува за големото достигнување на Рома која успеа на „Олимпико“ да ја достигне предноста на Барселона од 4:1 од првиот натпревар и со победа од 3:0 да оствари пласман во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчите на тимот од Каталонија не можат да веруваат што им се случи и во неверување гледаа што се случува на теренот. Серхио Бускетс тврди дека ова најверојатно е и најтешкиот пораз во кариерата.

„Ова ми е најтешкиот пораз во кариерата. Испаднавме од Лигата на Шампионите. Го искористија цел стадион, направија вистински шанси, а ние изгледавме многу лошо. Заслужено победија. Ова најверојатно ми е најтешкиот пораз во кариерата“, изјави играчот на Барселона.

Каталонскиот тим последниот трофеј во Лигата на Шампионите го освои 2015. година и за новиот ќе мора да почека барем до следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…