Дома Трансфер зона Застој во преговорите помеѓу Милан и Атлетико за Кореја

Застој во преговорите помеѓу Милан и Атлетико за Кореја

Преговорите помеѓу Милан и Атлетико Мадрид за трансферот на Анхел Кореја се во застој, пренесува „Скај Италија“.

Аргентинецот веќе постигна комплетен договор со „росонерите“, а минатата недела и двата клуба постигнаа начелен договор за трансфер, па медиумите најавија дека трансферот е пред реализација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, настана застој во преговорите бидејќи двата клува не можат да се договорат околу вистината на бонсуите. Милан нуди 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, додека „јорганџиите“ сакаат трансферот со вклучени бонсуи да изнесува 50 милиони евра.

Милан во меѓувреме го договори напаѓачот на Лил, Рафаел Леао за 35 милиони евра, но не се откажува од Кореја.

Двата клуба остануваат на преговарачка маса и се очекува во следните денови да ја „испеглаат“ разликата.

Милан не се брза за реализација на овој трансфер, бидејќи најпрво сака да го продаде Андре Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…