Aмериканскиот суперталент Кристијан Пулишиќ од наредната сезона ќе настапува за Челзи, тоа денес беше официјално потврдено.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челзи за неговите услуги плати 64 милиони евра. Доаѓањето во Премиер лигата секако е сон за секој фудбалер, но не е познато дали сон на Пулишиќ бил Челзи.
Имено, на социјалните мрежи веднаш по потврдата за трансферот се појави фотографија од неговото детство на која тој е во дресот на големиот ривал на Челзи, Манчестер Јунајтед.
