Во вториот ден од новата година се случи првиот голем трансфер во зимскиот преоден рок. Кристиан Пулишиќ е нов играч на Челзи за сума од 64 милиони евра.
Борусија Дортмунд денес официјално потврди дека постигнала договор со Челзи за трансфер на Пулишиќ, но договорот ќе важи од јуни. Имено, крилниот напаѓач ќе остане во Дортмунд до лето, а потоа ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Негова голема желба беше да игра во Премиерлигата. Тоа сигурно има врска со неговото американско потекло и поради тоа не можевме да го убедиме за продолжување на соработката. Решивме да ја прифатиме оваа богата понуда на Челзи од 64 милиони евра. Сигурен сум дека во последните месеци од неговиот престој тука ќе направи се што е во негова моќ да ги исполни спортските цели со тимот на Борусија Дортмунд“, изјави Михаел Цорг, спортскиот директор на Борусија.
? @cpulisic_10 wechselt im Sommer zum @ChelseaFC!
Der BVB hat sich mit dem FC Chelsea auf einen Transfer von Christian #Pulisic mit sofortiger Wirkung geeinigt, Chelsea wiederum leiht den 20-Jährigen bis zum Saisonende an den BVB aus.
Alle Infos ? https://t.co/HmGsGzfp7D pic.twitter.com/I6dM1NtiuA
— Borussia Dortmund (@BVB) January 2, 2019