Дома Фудбал Засилувањето на Барса: Најмногу научив од Роналдо

Засилувањето на Барса: Најмногу научив од Роналдо

Бразилскиот репрезентативец Паулињо на изненадување на многумина минатото лето пристигна во Барселона, иако претходните две сезони ги помина во Кина.

Управата на Каталонците сметаше дека Паулињо е вистинското засилување за средниот ред и не погрешија, Бразилецот на своите први натпревари успеа да го покаже својот квалитет. Иако навивачите на Барселона беа скептични, Паулињо успеа да ги демантира.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Паулињо кариерата ја започна во дресот на Коринтијас во кој се претстави на фудбалскиот свет, потоа направи трансфер во Тотенхем, од каде што замина во Кина. Бразилецот сега открива дека во својата кариера најмногу научил од легендарниот Роналдо со кој беше соиграч во Коринтијас.

„Во моите први фудбалски чекори најмногу ми помогна мојот постар брат. Потоа во Коринтијас имав огромна чест да играм заедно со Роналдо кој ме научи најмногу во кариерата. Многумина очекуваа да ми биде тешко во Барселона бидејќи доаѓам од Кина, но јас навистина уживам во секој момент поминат тука. Ме пречекаа на најдобар начин и јас и моето семејство сме пресреќни тука“, изјави Паулињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…